Skip to content

Упатство за изработка на проектната задача

Tomche Delev edited this page Apr 6, 2016 · 19 revisions

Тема на проектната задача

Темата на проектната задача е по слободен избор и може да биде имплементација некоја едноставна апликација како на пример адресар, научен калкулатор, едноставна библиотека или видеотека. Исто така може да биде имплементација на некоја едноставна игра како Box World, X-точка, слогувалка или некоја друга игра која би сакале да се обидете да ја имплементирате во едноставна верзија.

Идејата за проектната задача слободно може да ја копирате од некоја веќе постоечка апликација или игра, но исто така се стимулира и креативно размислување и реализација на сопствена идеја.

Исто така се стимулира и имплементација на познати алгоритми за вештачка интелигенција во игри, како што е алгоритмот Min-Max with Alpha-Beta pruning.

Работа во група

За изработка на проектната задача препорачливо е да се групирате во групи од 2

  • 3 студенти. За сите оние кои не се во можност да работат во група, може да ја работат индивидуално, меѓутоа тежината на проектната задача не треба да биде многу помала од оние кои се работат во групи.

Пријавуавње тема и група

Пријави се

Пријавувањето е за евиденција и треба да се заврши пред прикачување на проектната задача.

Содржина на проектната задача

Секоја проектна задача мора да содржи:

  • Проектот со целиот изворен код
  • Кратка документација напишана во Word, Markdown, Latex, Asciidoc

Документација на проектната задача

Документацијата за проектната задача треба во максимум 5 страни да го содржи следново:

  • Објаснување на проблемот (апликацијата - кои се функционалностите, за што служи, играта - како се игра и слично). Може да се додаде и линк или опис на постоечка апликација/игра која се обидувате да ја имплементирате.
  • Да се опише решението на проблемот (кои податоци се чуваат, во какви структури, класи)
  • Да се опише барем една ваша функција или класа од изворниот код на проектот
  • Screenshots од изгледот на апликацијата/играта и кратко упатство како се користи/игра

Примери со солидна документација:

Предавање на проектната задача

Целиот изворен код на апликацијата, заедно со документацијата се пакува во архива (rar, zip) и се поставува на code.finki.ukim.mk во делот „Домашни задачи - Homeworks". Ако проектот е поставен на github.com доволно е и само текстуална датотека со линк до проектот.

Рок за предавање на проектната задача

Рокот за проектната задача е до

10.05.2016 23:59

Правила на игра

Дозволено е користење на готов код или готови класи и функции како и копирање на идеи, но не е дозволено копирање и користење на готови проекти и менување на неколку функционалности. Секој обид за предавање на проектна задача која е претходно изработена за овој предмет или некој друг сличен, ќе се смета за плагијат и ќе биде најстрого санкциониран (проектната задача нема да биде признаена, што значи нема да може да се добие потпис и предметот ќе мора да се презапише).

Соодветно на ова, секој обид (макар и неуспешен) за имплементација на сопствена идеја ќе биде соодветно награден.

Прилог пример теми за проектна задача

  • Adresar
  • All lights
  • Bingo
  • Black Jack
  • Chat
  • Crtanje (Paint)
  • Box World
  • X-tocka
  • Симулација раскрсница на пешачки
  • Симулација семафори
  • Симулација лифт
  • Текстуален уредувач (nodepad)
  • Меморија
  • Mineswepper
  • Bomberman
  • Puzzle
  • Slot машина
  • Автобуска
  • Рецепти
  • World Cup
  • Стрелиште
  • Бесилка
  • Брзо гагање
  • Видеотека
  • Игра - круг
  • Snake
  • Кладилница
  • Калкулатор
  • Милионер
  • IQ тест
  • База од книги
  • Find editor
  • Математика за деца
  • Кафе-бар
  • Потсетник со тајмер
  • Spell check
  • Распоред
  • Роковник
  • Рулет
  • Слика
  • Собирање филмови бази
  • Хороскоп
  • Прегледувач на слики
  • Matrix trajectory
  • Балони
  • Биоритам
  • Конверзија на валути и други единици

Проектните задачи од 2012

Проектните задачи од 2013

Проектните задачи од 2014

Проектните задачи од 2015

Користење на github.com (10% бонус)

Креирање на GitHub репозитори кое ќе содржи:

  • изворниот код на проектот
  • README.md со документација за проектната задача
  • вклучени колаборатори (сите учесници во проектната задача)
  • за да се освојат поените потребно е да постои вистинска колаборација, односно сите учесници во проектот да имаат барем еден commit

Правилно имплементирано ова носи бонус 10% од вкупно поените.

Кратко запознавање со Git

Примери на проектни задачи на github.com