Skip to content

Аудиториска вежба 5

tdelev edited this page Mar 27, 2015 · 1 revision

Цели на вежбата

  • Работа со повеќе листи
  • Пренесување на објект од една форма во друга

Пример апликација

Да се развие програма во коjа ќе симулира работа на спортска обложувалница. Во програмата се прикажуваат следните листи:

  • листа на тимови (тим се состои од име на тимот и држава)
  • листа на натпревари (натпревар се состои од код, домашен тим, гостински тим и 3 коефициенти (1, x, 2))
  • листа на уплатени натпревари или тикет (уплатен наптревар се состои од натпревар и тип (0 - за 1, 1 за X и 2 за 2)).

Со клик на копчето Додади нов тим се отвора нов диjалог преку коj се внесува нов тим во листата со тимови. Со клик на копчето Додади во билтен се додава нов натпревар во листата со натпревари и притоа не се дозволува да се додаде наптревар со ист код како кодот на некоj од натпреварите во листата. Со клик на копчето Додади натпревар се додава типуван натправар во тикетот и се ажурираат вредностите за вкупен коефициент (се множат коефициентите) и добивка (се множи вкупниот коефициент x уплатата). При промена на вредноста на уплатата исто така се ажурира вредноста на вкупната добивка.

Изворен код на апликацијата