Skip to content

Latest commit

 

History

History
124 lines (77 loc) · 9.97 KB

README.mk.md

File metadata and controls

124 lines (77 loc) · 9.97 KB

Open Source Love License: MIT Open Source Helpers

Први чекори

Тешко е. Секогаш е тешко кога нешто се прави за прв пат. Кога соработуваме со други луѓе, правењето грешки е непријатно. Затоа сакавме да го поедноставиме начинот на кој новите соработници на отворен код учат и допринесуваат за прв пат.

Читањето на статии и гледањето на видеа помага до некаде, но нема подобар начин за учење од вежбањето. Целта на овој проект е да се обезбеди вежба и да се поедностави начинот по кој почетниците допринесуваат отворен код. Ако сакате да го направите својот прв придонес, тогаш следете ги долунаведените чекори.

Ако не сакате да користите command line (терминал), овде имате упатства за GUI

fork this repository

Ако немате git на вашиот компјутер, инсталирајте го.

Направете Разгранување (Fork) на ова складиште (repository)

Направете разгранување на складиштето со притискање на копчето "Fork" кое се наоѓа на горниот дел на оваа страница. Вака ќе направите копија на складиштето во вашиот GitHub профил.

Клонирајте го овоа складиште

clone this repository

Сега треба да го клонирате складиштето во вашиот компјутер. Отидете во вашиот GitHub профил, отворете го разгранетото складиште, кликнете на копчето "Clone" и копирајте го линкот. Исто така може да притиснете на иконата за копирање (Copy to clipboard)

Отворете го терминалот и воведете ја следната команда:

git clone "линкот кој го копиравте"

На местото на "линкот кој го копиравте" (без наводници) поставете го линкот на складиштето (Вашето Разгранување на овој проект). Погледнете ги претходните чекори за да видете како да го добиете линкот.

copy URL to clipboard

На пример:

git clone https://github.com/vashiot-username/first-contributions.git

со преименување на vashiot-username во вашето корисничко име. Во овој чекор правите копија на складиштето first-contributions од GitHub кон вашиот компјутер.

Создавање на гранка (branch)

Променете ја локацијата на складиштето во вашиот компјутер (Ако сеуште не сте ја промениле):

cd first-contributions

Сега создајте гранка со помош на командата git checkout:

git checkout -b <vnesete-ime-na-vashata-granka>

На пример:

git checkout -b add-alonzo-church

(Името на гранката не мора да го содржи зборот add, но се препорачува, затоа што целта на оваа гранка е да го додадете вашето име во списокот.)

Направете ги потребните промени и извршете (commit) ги

Сега отворете го фајлот Contributors.md во уредник за текст и додадете го вашето име. Не додавајте го на почетокот или крајот на фајлот. Поставете го некаде на средината. Зачувајте ги промените.

git status

Ако ја извршете командата git status во директоријата на складиштето, ќе забележите дека има промени.

Зачувајте ги промените на создадената гранката со помош на командата git add:

git add Contributors.md

Сега извршете ги промените со командата git commit:

git commit -m "Add <vasheto-ime> to Contributors list"

со промена на <vasheto-ime> со вашето име.

Поставете (Push) ги промените во GitHub

Поставете ги вашите промени со командата git push:

git push origin <vnesete-ime-na-vashata-granka>

со промена на <vnesete-ime-na-vashata-granka> во името на вашата гранка, која ја создадовте претходно.

Поднесете ги вашите промени за преглед.

Ако отидете во вашето складиште во GitHub, ќе го забележите копчето Compare & pull request. Притиснете го.

create a pull request

Сега поднесете ги вашите промени за преглед.

submit pull request

Наскоро ќе ги спојам (merge) сите ваши промени во главната гранка (мастер branch) на овој проект. Ќе бидете известени по пат на електронска пошта за спојот на вашите промени.

Што е следно?

Честитки! Само што ги завршивте fork -> clone -> edit -> PR операции, со кои ќе се соочувате често како соработник!

Прославете ги вашите придонеси и споделете ги со пријатели и следители со посета на веб-апликацијата.

Можете да станете дел од нашиот slack team ако ви треба помош или имате прашања Стани дел.

Сега е време да започнете да допринесувате кон други проекти. Ние имаме создадено список со лесни проекти за да започнете. Види ја листата.

Вежби за користење на други програми

GitHub Desktop Visual Studio 2017 GitKraken VS Code Sourcetree App IntelliJ IDEA
GitHub Desktop Visual Studio 2017 GitKraken Visual Studio Code Atlassian Sourcetree IntelliJ IDEA